|
Брисел се заканува со укинување на визите за Македонија и Србијa |
|
Напишано од Ramuš Muarem
|
|
Понеделник, 07 Февруари 2011 |
|
На српските власти при предавањето на прашалникот во Брисел, им било дадено на знаење дека доколку не се создаде конкретна стратегија за намалување на бројот на илегални имигранти, на Србија, но и на Македонија, а со тоа и на земјите од Западен Балкан, повторно ќе им бидат вратени визите, пренесува српски “Блиц“ повикувајќи се на свои дипломатски извори. Во Брисел истакнале дека се загрижени бидејќи се бележи постојан пораст на лажни азиланти во периодот од септември до декември минатата година, тврдат изворите за “Блиц“.
Од почетокот на 2010 година околу 8.000 лица од Србија, побарале азил во Шведска, Германија и Белгија. Најголемиот број на азиланти имало во Шведска, околу 6.000 за првите десет месеци минатата година, додека во Германија околу 2.000 и Белгија помеѓу 600 и 700. Најбројни помеѓу лицата кои побарале азил се Албанците од југот на Србија и Ромите.
Некои земји, за да ги обесхрабрат азилантите, го укинале паричниот надомест што го добивале сите кои ќе се пријават за азил, но тоа очигледно не помогнало.
|