Шутел
Почитувани!!!
Среќни сме што конечно можеме да Ве известиме дека по една година експериментална програма во живо на интернет на нашата телевизија, можеме да Ве информираме подетално за начинот на нашата идна медиумска дружба.
Ви благодариме на Вашето трпение околу техничкото стабилизирање на презентирањето на содржините на Шутел програмата. Имавме чести прекини во интерес на поквалитетен сигнал. Но, во иднина веруваме дека тоа нема да се повтори.
Во овој период се ангажиравме што повеќе да ви претставиме содржини за кои имате најголем интерес. Според нашите анкети на Вашите желби, за содржините на нашата прграма, ја утрврдивме програмската шема според вашите лични предлози. Со тоа сме сигурни дека ќе ја задржиме вашата заинтересираност за Шутел.
Почитувани!
За ова наше заедничко медиумско дружење, цврсто сме уверени дека заеднички ќе се подржуваме. Друг пат немаме. Ние сме одговорни да Ви обезбедиме брзи и корисни информации, забава, дружба и релаксација. Вам Ви преостанува само едно, да ја исполните вашата месечна, тромесечна, шестмесечна или едногодишна претплата. За тоа дополнително ние се потрудивме да Ве наградиме со непрекинат стриминг, без непотребно губење време во чекање на вклучување во нашата програма.
Најверните наши гледачи кои ќе извршат претплата на шест месеци и една година им следува бесплатно ДВД со избор на музика, документарни филмови со Ромска содржина и слично. Најмладите посетители ќе имаат можност да ги развиваат своите способности преку нашите беспатни игри. За возврат ќе имаат можност нон-стоп да следат информации за Ромите од целиот свет и тоа на Ромски, Македонски и Англиски. Да не заборавиме! НАСКОРО најглавното и најгледаното, за оние претплатници кои ќе извршат уплата за една година им следуваат гратис 10 поздрави.
Со ова заеднички ќе се стимулираме во овој наш заеднички проект. Сумата која треба да ја исплатите, уверени сме дека нема да го оптерети Вашиот домашен буџет со тоа што 24 часа заедно ќе се дружиме. Тука сме и кога ќе Ви биде најтешко и кога ќе бидете најрадосни.
Шутел секогаш ќе ве следи Вас, Вашето семејство, пријатели и гости.
Гледајте не!
